Осми март

Познатиот ланец за брза храна „Бургер Кинг“ со навредлива изјава кон жените

На 8ми Март, меѓунарoдниот ден на жената, познатиот ланец ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ ја изненади јавноста со изјава на Твитер која вели дека „Жените припаѓаат во кујната“.

Извор: google

На 8ми Март, меѓунарoдниот ден на жената, познатиот ланец ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ ја изненади јавноста со изјава на Твитер која вели дека „Жените припаѓаат во кујната“. Oваа непромислена изјава е дадена во рамки на кампањата на компанијата за поголема вклученост и рамноправност на жените како идни шефови на кујната.

По многуте реакции „Бургер Кинг“ се извини и дообјасни:
– Ако сакаат да се во кујната, секако. Сепак, само 20 отсто од готвачите се жени. Ние сме во мисија да го смениме односот кон полот во угостителската индустрија со тоа што ќе им дадеме моќ на жените да ја продолжат кулинарската кариера. Горди сме што започнавме нова програма за стипендии што ќе им помогне на вработените во „Бургер Кинг“ да ги остварат своите кулинарски соништа.”

Извор: google

Негодувањата на јавноста се однесуваа кон оваа сексистичка изјава на фаст фуд ресторанот според која идејата на целата кампања „паѓа во вода“. Ова е класичен пример за тоа како добра промотивна кампања може да се уништи од контроверзни изјави.