Криза

Пост-пандемиска невработеност кај одредени професии

Младите и жените посилно ќе го почувствуваат негативното влијание на постпандемијата. Земјите кои ќе управуваат со оваа промена поуспешно би можеле да стекнат значителна предност во однос на другите, велат економистите.

Извор: google

Младите и жените посилно ќе го почувствуваат негативното влијание на постпандемијата. Земјите кои ќе управуваат со оваа промена поуспешно би можеле да стекнат значителна предност во однос на другите, велат економистите.

Промените што ги донесе панемијата и коронавирусот на глобалниот пазар на труд, предизвика состојба каде стотици милиони луѓе ќе мора да се преквалификуваат, со оглед на тоа што наскоро нема да бидат потребни нивните досегашни занимања.
Односно, коронавирусот го преобликува европскиот пазар на труд и воедно налага смена на професијата.

Автоматизација и интернет
Европскиот модел на испраќање работници на принуден одмор додека економските активности се затворени за да се спречи ширењето на инфекцијата, резултираше со помал раст на невработеноста отколку во Соединетите држави. Сепак, добар дел од работниците се плашат што ќе се случи по повторното отворање на економијата.

Проценките на консултантската фирма Мекинзи велат дека во развиените економии околу 100 милиони работници ќе мора да ја сменат занимањето во следните 10 години. Тоа е 25% повеќе работници од проценките објавени пред избувнувањето на пандемијата на болеста Covid-19.

Предизвик е поголема автоматизација и употреба на Интернет на работа, што значи дека работниците ќе мора да ги подобрат своите постојни ИТ вештини со брзина што сè уште не е забележана во минатото.

Извор: pexels

Во овој контекст, вработените имаат поголема предност затоа што имаат пристап до внатрешна обука во рамките на компаниите во кои работат. Чешката конфедерација на работодавачи и здруженија на бизнис очекува дека само оваа година бројот на учесници на курсевите за преквалификација ќе скокне за 10 пати.

„Потребата за преквалификација ќе расте кога пандемијата ќе ја забрза потребата на компаниите да се прилагодат“, објаснува Јан Виснер, претседател на здружението. Помалку образованите работници и оние кои работат во сектори особено погодени од пандемијата, како што е угостителската индустрија, честопати се недоволно застапени меѓу учесниците во преквалификација, рече Барбара Герстенбергер, директор за работа во Давлин, Eurofound, кој работи на подобрување на условите за живот и работа во Европска унија.

Поради оваа причина, младите и жените ќе бидат помалку погодени од промените на пазарот на трудот што ги создаде пандемијата. Ова значи дека повторно ќе влезат на пазарот на трудот кога ќе се стекнат со нови вештини по обуките.
Додавањето нови вештини и преквалификација зависи само од нив, и тоа ќе доведе до долгорочни последици“, смета Герстенбергер.
Имено, земјите што ќе можат подобро да управуваат со оваа промена би можеле да стекнат конкурентска предност во однос на другите.

Извор: google

Германски предности
Експертите за пазарот на трудот за германскиот пазар проценуваат дека нивната економија како најголема во Европа ќе излезе од коронската криза во релативно добра форма. Најмногу заради добро воспоставениот систем на дополнително образование и стручна обука и развиениот модел на обука во рамките на компаниите.
Сепак ако компаниите не пропаднат и имаат јасен план во кој смер се движи нивниот бизнис. Ако во одредена компанија се појави проблем, една од првите работи што треба да се превземе е токму стручното оспособување, велат експертите.
Истражувањето на ИАБ спроведено минатата година покажа дека само 5 проценти од работниците на принуден одмор во Германија се во некоја програма за преквалификација или стручна обука.
Ова сугерира дека повеќето компании веруваат дека можат да продолжат со сегашниот деловен модел откако ќе помине кризата, проценува ИАБ.

Дури и пред Covid-19 кризата, Европа заостануваше во дигиталната економија. Извештајот на Европскиот суд за ревизори објавен во февруари покажа дека една третина од работната сила во ЕУ не поседуваат основни вештини во оваа област. Брисел се надева дека дефицитот ќе биде ублажен со пари од фондот за обновување од 750 милијарди евра.
Основана со цел да генерира дополнителни два процентни поени на економски раст во еврозоната до 2026 година, една од амбициозните цели на фондот е 120 милиони возрасни Европејци да посетуваат некаква форма на доживотно учење секоја година.