ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА

Пензионерите најмногу го чуствуваат поскапувањето

По објавувањата на зголемените промети кај 9 ланци на супермаркети кои вкупно инкасираа фантастични 650 милиони евра во изминатата година за време на пандемијата, граѓаните деновиве велат дека, повеќе од кога било досега, забележале дека растат трошоците за живот и дека цените се менуваат незабележливо, преку ноќ, во корист на трговците, се разбира, не во корист на клиентите и потрошувачите.

Извор: google

По објавувањата на зголемените промети кај 9 ланци на супермаркети кои вкупно инкасираа фантастични 650 милиони евра во изминатава година за време на пандемијата, граѓаните деновиве велат дека, повеќе од кога било досега, забележале дека растат трошоците за живот и дека цените се менуваат незабележливо, преку ноќ, во корист на трговците, се разбира, не во корист на клиентите и потрошувачите.

Се најавуваат покачување на цените на месото и производите од сувомеснато месо. Повисоките цени на горивата уште повеќе го затегнуваат ценовниот ланец. Животот и егзистенцијалните врски во времето на пандемијата стануваат неподносливи за повеќето од граѓаните.

Од што живееме?
Конкуренција.мк преку своите посети и анализи во сите ланци на маркети заклучи дека поскапувањето е видливо кај сите производи, од пластика до прехранбени производи.
Беа анкетирани преку 900 потрошувачи во сите 9 ланци на маркети, нивната перцепција за поскапувањето беше окарактеризирано најчесто како верижна реакција, домино ефект во делот на зголемувањето на цените. Како никогаш досега, за волку краток временски период кај сите артикли го забележуваат поскапувањата, најчесто заокружениот одговор беше: сè поскапе.

Пензионерите најмногу го осеќаат поскапувањето и најмногу реагираат во нашите супермаркети, секој ден ново изненадување преку нови зголемени цени, а пензиите исти.

– Основните намирници поскапеа преку ноќ, од масло, млечни и кондиторски производи, хемикалии. Сè се искачи од 30 на 40 денари и повеќе. Сето тоа се акумулира кога ќе стигнете до касата. Многумина, кои доаѓаат од западна Европа, се зачудени и се прашуваат од што живееме. Ние сме немоќни пред поскапувањата. Месото е изедначено со цените во Шведска, бидејќи имам роднини таму. А мора да ги купиме основните работи, треба да ги платиме комуналните услуги, и се останато. Кога и да одите на пазар, за исто толку пари добивате помалку артикли: „Бог да ни помогне“ – ни изјави еден пензионер во супермаркет.

Нафтата исто така е поскапена. Некои зголемувања на цените имаат оправдување. Сепак, имаме и тивки зголемувања на цените, како што велиме, под маса. Кога и да одите на пазар, добивате помалку артикли за иста сума пари.
Наскоро ќе има уште едно непријатно изненадување со сметките за електрична енергија.

Извор: google