ПРОМОЦИЈА

Партнерство на „Hermès“ и „Apple“ со кое iPhone-от ќе ви биде дури и евтин

Мали уреди за следење на Apple кои безжично се поврзани со вашиот мобилен телефон преку апликација, а нивната улога е да знаете каде ви е чантата или куферот во секое време, но и приврзоците од кожа како елегантен и луксузен додаток.

Извор: google

Мали уреди за следење на Apple кои безжично се поврзани со вашиот мобилен телефон преку апликација, а нивната улога е да знаете каде ви е чантата или куферот во секое време, но и приврзоците од кожа како елегантен и луксузен додаток.

Модната куќа „Hermès“, во соработка со „Apple“, дизајнираше уреди за следење кои се конектирани преку блутут технологијата со мобилен телефон. Преку оваа соработка на модниот и технолошкиот бренд, ќе се продаваат GPS уредите на Apple преку продажба на модни парчиња на Hermes.

Самиот AirTag ќе чини 29 долари по парче, a четири вакви тракери ќе чинат 99 долари. Но, она што е интересно е што било кој од додатоците на францускиот моден бренд кој ќе го има овој тракер ќе чини повеќе од достапниот iPhone SE на Apple.

Додека поволниот iPhone на Apple започнува од 399 долари, приврзокот за багаж на Hermès чини 449 долари. Тој нуди кожа Barenia, заедно со контрастно шиење на седлото, што значи дека конецот е полесен од самата кожа. AirTag е исто така прилагодено гравиран со „Hermès Air Tag“ и е компатибилен со широк спектар на производи, вклучувајќи го и самиот iPhone SE.

Овој приврзок за багаж на „Hermès“ од 449 долари не е единствениот додаток на AirTag достапен под етикетата „Hermès“. На пример, клиентите на „Apple“ исто така можат да го купат приврзокот за клучеви „Hermès“. Овој AirTag започнува од 349 американски долари и доаѓа во Fauve, Bleu Indigo и портокалова боја. Ако тоа е сè уште премногу скапо за еден AirTag, тогаш постои и опција за нешто поевтино, како чантите со тракер кои чинат 299 долари.

Бонус видео…