ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Пандемијата нè затвори дома, но ги ослободи надвор животните

Нов документарен филм прикажува како пандемијата отвори повеќе простор за природата и им даде на научниците можност бар еднаш во животот да го набудуваат степенот на влијанието на човекот врз однесувањето на животните.

Извор: google

Новиот документарен проект на „Apple TV“ насловен „The year Earth changed“ покажува сликовито како природата реагира на пандемијата. Пример за тоа се видеа со пингвини кои слободно шетаат по улиците на Кејптаун за време на карантинските мерки, шетајќи се покрај празните ресторани и кафулиња.

Стапката на вгнездување за морските желки скокна од 40 на 61 проценти бидејќи се забележуваат како тие среќно ги посетуваат плажите во Флорида, кои вообичаено се исполнети со туристи во периодот на “spring break”.

Наместо да стави акцент на човечката трагедија, филмот за годината што ја смени Земјата нè потсетува на меѓусебната поврзаност и еластичност на сите форми на живот на нашата планета. Преку живописни фотографии и видеа, сфаќаме дека страдањата во последнава година и не се така залудни, туку претставуваат излез од еколошката катастрофа со која несомнено сè уште се соочуваме.

Бонус видео…