Безжична технологија

Од каде потекнува името и идејата за логото на „Bluetooth“?

Секој кој има мобилен телефон, барем еднаш ја користел опцијата „блутут“ за безжичен и бесплатен пренос на содржини меѓу два уреда. Bluetooth има интересно, навидум само едноставно, но издеформирано „Б“ во логото… но дали е така едноставно или пак нешто сосема друго се крие зад целата идеја на логото и името?

Извор: google

Секој кој има мобилен телефон, барем еднаш ја користел опцијата „блутут“ за безжичен и бесплатен пренос на содржини меѓу два уреда. Bluetooth има интересно, навидум само едноставно, но издеформирано „Б“ во логото… но дали е така едноставно или пак нешто сосема друго се крие зад целата идеја на логото и името? По повеќе од две децении од неговото појавување, светот ја открива фасцинантната приказна зад името и логото на Bluetooth.

Инженерите кои работеле на оваа безжична технологија кон крајот на 90-тите години, сфатиле дека е потребно привлечно име за да се издвои од збунувачката плејада на безжичната технологија што се развивала во тоа време. И концептот на „Bluetooth“, како и сите најдобри бизнис идеи бил смислен и договорен на кафанска маса со чашка алкохол.

Двајцата инженери под дејство на алкохолот, почнале да разговараат за историјата, по што паднал муабет и за Викинзите, вклучувајќи го и кралот на Данска и Норвешка од 10. век – Харалд „Блутут“ Гормсон, кој својот прекар го добил затоа што еден од неговите заби бил потемен и наликувал како да е со сина боја. Но, воедно и затоа што секогаш носел сина облека за да ја потенцира аристократската крв и однесвување.

Кралот е најпознат по обединувањето на Норвешка и Данска, па токму овој факт ги импресионирал создавачите на “Bluetooth” кои во тој момент направиле аналогија на ова обединување со нивната идеја – уред што ќе поврзе и обедини два уреда, уред што ќе ги обедини компјутерската индустрија и мобилната телефонија преку безжична врска со краток опсег. Па така, „Блутот“ го добил името по прекарот на викиншкиот крал Харалд Гормсон – Блутут.

Но, не само името има изненадувачка историја, туку и логото на Bluetooth исто така крие една тајна. За поврзаноста на кралот Харалд со опцијата „блутут“ доказ е и симболот што го гледаме на логото, а кој претставува спој на нордиските руни за буквите од иницијалите на името на овој крал (H и B, за „Харалд Блутут“), кои биле многу популарни во северна Европа во тој период.