ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА

Новиот градоначалник ја намали флотата од 146 возила на 44

Во петокот, новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ, го поништи јавниот тендер за закуп на 146 возила со проценета вредност од 4,5 милиони куни без ДДВ што во противвредност во евра е околу 600,000 евра, но како што известија медиумите, тој потпиша анекс со три пати помалку возила од предвиденото.

Извор: google

Во петокот, новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ, го поништи јавниот тендер за закуп на 146 возила со проценета вредност од 4,5 милиони куни без ДДВ што во противвредност во евра е околу 600,000 евра, но како што известија медиумите, тој потпиша анекс со три пати помалку возила од предвиденото.

Бидејќи се изнајмуваат значително помалку автомобили, а исто така се намалени и класите на моделите од средна и пониска класа, Градот ќе плати 85.000 куни без ДДВ односно 11,400 евра за овој анекс.

Па така наместо 146 службени автомобили од пониска, средна и висока класа, Градот Загреб ќе користи вкупно 44 возила, како што е дефинирано во анексот, само две возила од средна класа и 42 возила од пониска класа. Градоначалникот Томашевиќ и неговите заменици ќе користат возила од средна класа „Опел Астра“ за протоколарни цели, додека претседателот ќе остане со службен „Пасат“.

Останатите 42 возила од пониска класа, ќе бидат од марка Opel Corsa, ќе ги користат раководителите и другите градски служби за нивните потреби. Исто така тие немаат право да го користат службениот автомобил 24 часа како порано, туку само за време на работното време. Претседателите на Градските совети веќе нема да им биде дозволено да користат службено возило.

Претходниот годишен договор за закуп на над 140 возила го чинеше Градот 4,5 милиони куни, полугодишниот договор би изнесувал 2,25 милиони куни без ДДВ, односно 300,000 евра, но бидејќи се изнајмуваат значително помалку автомобили од средната и пониската класа, Градот многу ќе заштеди.
Како што пишува Јутарњи Лист, анексот бил потпишан на шест месеци, така што до спроведувањето на новиот тендер, може да ги покријат сите задачи на Градот, а новиот тендер, вели соговорникот, ќе биде објавен во согласност со потребите и можностите на градот.

Се надеваме дека идните избори ќе донесат смена на старите градоначалници кои за време на нивното раководење на општините и градовите константно беа критикувани за набавка на премиум класи на возила, не штедејќи ги државните пари.