APPLE ПЛАНОВИ

Нови модели од популарниот iPhone SЕ кои ќе имаат најниска цена

Среде минатогодишната пандемија, Apple воведе нова генерација на iPhone SE, кои на уредите со мали димензии и застарен дизајн, им внесе нова модерна технологија и хардвер што се покажа како доста популарен меѓу корисниците.

Извор: google

Среде минатогодишната пандемија, Apple воведе нова генерација на iPhone SE, кои на уредите со мали димензии и застарен дизајн, им внесе нова модерна технологија и хардвер што се покажа како доста популарен меѓу корисниците. Главната причина за ова, како и со претходниот модел SE, е цената затоа што е најевтиниот iPhone.

Паралелно со новата генерација на iPhone која ќе биде претставена во септември оваа година, дизајнерите и инженерите на компанијата развиваат и нов модел од серијата SE, кој, според последните гласини, можеме да го очекуваме во 2022 година.

Она што скоро сигурно ќе ги разочара љубителите на Apple е што новиот дизајн на iPhone SE не треба да се разликува премногу од минатогодишниот модел.

Тој модел сепак треба да користи LCD наместо OLED што се користи во новите телефони, а неговата дијагонала треба да биде само 4,7 инчи. Камерата би се наоѓала во горниот дел над екранот, како кај постарите модели. Новина што треба да ја има, и која дефинитивно треба да се спомене, е – поддршка за 5G.

Apple сè уште размислува за модернизација на iPhone SE, но само за моделот што ќе го претстави во 2023 година. Тој модел треба да има дијагонален екран како iPhone 12 – 6,1 инчи, а она што е интересно е дека предната камера за селфи треба да се стави во една мала дупка на екранот.

Досега ниту еден модел на iPhone нема толкава предна камера и, освен моделот SE, камерите на сите модели се сместени во хардверски дел.