МУЛТИМИЛИЈАРДЕРИ

„Forbes“ ги објави најбогатите Руси - секој од нив побогат од пред пандемијата

И покрај заканите за санкции од САД и ослабената вредност на националната валута, сепак Русија и те како се покажа во листата на најбогати мултимилијардери во светот.

Извор: google

И покрај заканите за санкции од САД и ослабената вредност на националната валута, сепак Русија и те како се покажа во листата на најбогати мултимилијардери во светот. Десетте најбогати Руси вредат 223 милијарди долари на списокот на милијардери на „Forbes“ во светот во 2021 година, за разлика од 152 милијарди долари во 2020 година. Секој од нив е побогат отколку од пред една година.

На прво место се најде мнозинскиот сопственик на руската компанија за челик и руда „Северстаљ“, Алексеј Мордашов. Мордашов и неговото семејство вредат 29,1 милијарди американски долари – 12,3 милијарди долари повеќе отколку пред една година.

Mеѓу тројцата најбогати руски бизнисмени се најдоа и сопственикот на компанијата „Норникељ“, Владимир Потанин, чие богатство се проценува на 27 милијарди долари, и главниот акционер на групацијата Novolipetsk Steel, Владимир Лисин со 26,2 милијарди долари. Акциите и на двете индустрии на Потанин и Лисин драстично пораснале во пандемиската година.

Во десетте најбогати руски бизнисмени се вбројуваат и претприемачот Генадиј Тимченко (22 милијарди долари), првиот човек на компанијата USM Holdings and Metalloinvest – Алишер Усманов (18,4 милијарди долари), мнозинскиот сопственик на фирмата EuroChem – Андреј Мељниченко (17,9 милијарди долари), основачот на „Telegram“ Павел Дуров (17,2 милијарди долари), сенаторот Сулејман Каримов и неговото семејство (15,8 милијарди долари) и основачот на „Alfa bank“ и прв човек на LetterOne – Михаил Фриман (15,5 милијарди долари).

Бонус видео…