IEA-COP26 NET ZERO SUMMIT

На што се согласија 40 земји за итен и заеднички спас на планетата?

Врвни меѓународни лидери за Енергетика од повеќе од 40 земји учествуваа на Самитот IEA-COP26 за да идентификуваат начини како да се работи заедно за да се намалат глобалните емисии на стакленички гасови и да се исполнат целите на Парискиот договор.

Извор: iea

Врвни меѓународни лидери за Енергетика од повеќе од 40 земји учествуваа на Самитот IEA-COP26 за да идентификуваат начини како да се работи заедно за да се намалат глобалните емисии на стакленички гасови и да се исполнат целите на Парискиот договор.

Самитот обедини високи претставници на министри за енергетика од многу земји, вклучувајќи ги Австралија, Бразил, Кина, Колумбија, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Јужна Африка, Велика Британија и многу други. „Време е светот да премине од една деценија расправа за климатските промени во следна деценија на испорака на резултати.

Велика Британија силно ги охрабрува земјите да ги одобрат седумте принципи на IEA за постигнување на нето-нула. Самитот јасно покажува подготвеност од владите, граѓанското општество и деловните субјекти да работат заедно во секој сектор. Со заедничка работа, можеме да го забрзаме напредокот, да создадеме работни места и просперитет и да ја заштитиме нашата планета за идните генерации“, рече Алок Шарма, претседател на COP26.

Со ваквата дебата се стави до знаење дека огромното мнозинство во светот е свесно за сериозноста на климатската криза и итноста од итни активности за да се постават глобалните емисии на вистинскиот пат. Но, исто така, Самитот ја потенцираше потребата од поголема меѓународна соработка за да се придвижи брзото глобално распоредување на чисти технологии низ сите клучни сектори на економијата.

Ако сакаме транзицијата кон чиста енергија да се случи брзо, најголемите светски економии треба да работат многу поефикасно и исклучиво заедно. Клучните принципи на Самитот покажуваат што треба да се случи со цел да се зајакнат механизмите за меѓународна соработка. Принципите опфаќаат основни области како што се потребата за одржливо обновување од кризата, критичната важност на спроведливите патокази за намалување на емисиите за тековната деценија и развојот на посилни механизми за меѓународна координација за забрзување на иновациите и распоредување во секој сектор на глобалната економија.

Принципите, исто така, се однесуваат на прашања како што се технолошката соработка, споделувањето на најдобрите практики, следењето на инвестициите, обезбедувањето транзиции насочени кон луѓето и интегрирањето на енергетската безбедност. За поддршка на посилните владини активности, IEA на 18 мај ќе го објави првиот сеопфатен патоказ за глобалниот енергетски сектор да достигне нето-нула емисии до 2050 година.

Патоказот ќе утврди траса која треба да ја изодат Владите, компаниите, инвеститорите и граѓаните.

Бонус видео…