ОСВОЕНА ЦРКВА

Муслиманска молитва во христијански храм после 87 години

Молитвата за Рамазан Бајрам беше извршена во истанбулската Аја Софија, првпат по 87 години по повод Курбан Бајрам, јавува турската државна новинска агенција Анадолија.

Извор: google

Молитвата за Рамазан Бајрам беше извршена во истанбулската Аја Софија, првпат по 87 години по повод Курбан Бајрам, јавува турската државна новинска агенција Анадолија.

Денес, по повод празникот Курбан Бајрам, верниците ја извршија Бајрамската молитва во согласност со мерките насочени кон спречување на ширење на коронавирусот.

Аја Софија служела како црква 916 години, сè до османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, додека служела како џамија од 1453 до 1934 година.

На 10 јули минатата година, турски суд ја поништи одлуката на поранешната влада на таа земја, која и додели статус на музеј на Аја Софија на 24 ноември 1934 година.

Со поништување на споменатата одлука, статусот на џамијата беше вратен во Света Софија.

Како една од најпосетуваните туристички дестинации во градот на Босфорот, Аја Софија беше вклучена во списокот на УНЕСКО за светско културно наследство во 1985 година.

Турските власти најавија дека ќе продолжат да ги зачувуваат културните и историските вредности на Аја Софија, така што Дирекцијата за верски прашања на Турција ќе биде одговорна за верските церемонии, а Министерството за култура и туризам на таа земја ќе преземе грижа за реставрација, конзервација и заштита.

Туристите сепак ќе можат да ја посетуваат Аја Софија бесплатно, а фреските на sидовите ќе бидат покриени со завеси само за време на муслиманските молитви во џамијата.