ЗАВИСНОСТ

Младите луѓе губат контрола и имаат слаб сон поради паметните телефони

Повеќе од една третина на млади луѓе пројавуваат симптоми на „зависност од смартфони“, без оглед на тоа колку долго ги користат своите телефони во текот на денот, открива истражување на еден лондонски колеџ.

Извор: google

Повеќе од една третина на млади луѓе пројавуваат симптоми на „зависност од смартфони“, без оглед на тоа колку долго ги користат своите телефони во текот на денот, открива истражување на еден лондонски колеџ. Бидејќи сè повеќе се потпираме на нашите паметни телефони, се зголемува загриженоста за прекумерна и потенцијално штетна употреба, особено кај младите девојки.

Иако зависноста од паметни телефони не е формално признаена како клиничка дијагноза, таа е предмет на активно истражување со користење на потврдена алатка наречена „скала на зависност од паметни телефони“.

Истражувачите од кралскиот колеџ во Лондон изјавија дека нивната студија, објавена во „Frontiers in Psychiatry“, е прва во Велика Британија која испитува зависност од телефони, користејќи ја оваа алатка.

Резултатите од над 1.043 испитаници покажаа дека 406 млади личности (38,9 проценти) ги исполнуваат критериумите за зависност од „паметен телефон“.

Извор: pexels

Се работи за однесување како губење на контрола на времето поминато со телефонот во рака, вознемиреност кога не можат да пристапат до нивниот телефон и занемарување на други позначајни делови од нивниот живот.

Повеќе од две третини од оваа група (68,7 проценти) пријавиле слаб сон во споредба со оние кои не се зависни од паметни телефони (57,1 процент). Скоро секој четврти млад човек (24,7 проценти) го користи својот телефон три часа на ден, додека 18,5 проценти го користеле својот телефон повеќе од пет часа на ден.

Паметните телефони сè повеќе стануваат неопходни делови од нашето секојдневие и оваа студија е важен чекор за да се разгледа нивното влијание во однос на дисфункционалната употреба.