HONEY MOON

Мистериозниот твит на ИЛОН МАСК ги „изгори“ социјалните мрежи

Не минува недела без Илон Маск а да не ги запали социјалните мрежи со своите изјави. Оваа недела, тој ги збуни корисниците на мрежата со неговиот пресврт во ставот за ефективноста на вакцините и тврдеше дека е вонземјанин.

Извор: google

Не минува недела без Илон Маск а да не ги запали социјалните мрежи со своите изјави. Оваа недела, тој ги збуни корисниците на мрежата со неговиот пресврт во ставот за ефективноста на вакцините и тврдеше дека е вонземјанин. Сега ги воодушеви корисниците по објавувањето на претстојната вселенска мисија на Месечината.

„Наскоро одам на Месечината…“, напиша Маск на својот профил на Твитер.
Компанијата на Маск „Space Х“ моментално работи на вселенско летало од следната генерација кое се очекува драматично да ги намали трошоците за летање во вселената и да го поедностави патувањето во вселената. „Space Х“ претходно објави дека планира да ги испрати првите вселенски туристи на Месечината во 2022 година.

Многу корисници го пофалија Маск за поедноставување на патувањето во вселената и изразија надеж дека тој ќе остане на Земјата затоа што е премногу вреден за човештвото.

Други тврдат дека Маск едноставно создава некаква измама или дека сè што тој тврди, всушност значи нешто друго.

Изјавата на технолошкиот експерт доаѓа еден ден откако тој претстави амбициозен проект кој им овозможува на луѓето да користат паметни уреди користејќи ја само нивната мозочна активност.

Бонус видео…