ДОГОВОР ЗА НОВА ТЕХНОЛОГИЈА

„Microsoft“ склучи договор со Пентагон за набавка на лична опрема за војската

Microsoft победи на тендерот на американската армија за набавка на лична опрема заснована на технологијата „зголемена реалност“, обезбедувајќи нарачка чија вредност може да достигне 21,9 милијарди долари во следните 10 години.

Извор: google

Компанијата работела со војската две години за да се изгради прототип на „интегрираниот систем за визуелно зголемување“, а војската веќе започнала со процесот на производство.

Очилата, како дел од оваа опрема, се дизајнирани да создадат „подобрена перцепција на состојбата на една личност, овозможувајќи размена на информации и донесување одлуки во различни сценарија“.

Откако „Microsoft“ во 2018 година објави испорака на прототип на војската со договор вреден 480 милиони долари, најмалку 94 работници побараа од управата да го откаже договорот и да го запре развојот на „целата технологија за оружје“.

Microsoft со Пентагон би требало да потпише и договор за “cloud“ услуги вредни 10 милијарди долари, но таа работа е спорна поради тужба на Amazon.