ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТУРИСТИ

Малта ќе плаќа на секој турист што ќе одлучи да летува во нивен хотел

Во обид да ја оживее својата туристичка индустрија по повеќе од една година пандемија, Малта започна со план за охрабрување на туристите кои ќе одлучат да престојуваат во хотелите во оваа островска земја од јуни.

Извор: google

Во обид да ја оживее својата туристичка индустрија по повеќе од една година пандемија, Малта започна со план за охрабрување на туристите кои ќе одлучат да престојуваат во хотелите во оваа островска земја од јуни.

Министерството за туризам на Малта ќе исплати парична компензација на секој посетител кој ќе резервира престој од три ноќи во одредени хотели со три до пет sвезди.

Износот на пари платени на секоја личност ќе зависи од рејтингот на хотелот во кој ќе престојуваат. Туристите можат да добијат 100 € по лице на секоја резервација во хотел со пет ѕвезди, 75 € за хотел со четири ѕвезди и 50 € за хотел со три ѕвезди.

Министерот за туризам Клејтон Бартоло додаде дека и хотелите може да дадат дополнителен бонус на своите гости, така што секој посетител може да добие до 200 евра за тридневен престој во хотел со пет sвезди. Оние кои одат на островот Гозо, вториот по големина остров во малтешкиот архипелаг, добиваат дополнителни 10 проценти попуст.

Малта е инаку втора по Велика Британија на рангот на европските земји кои го вакцинираа најголемиот дел од своето население.

Бонус видео…