CGI технологија

Лавот од интрото на холивудските филмови доби видоизменета верзија

Низ повеќе децении, препознатливото и триумфално рикање на лавот нè воведуваше во филмовите на познатата американска филмска продукција Metro-Goldwyn-Mayer Studios Inc.

Извор: google

Низ повеќе децении, препознатливото и триумфално рикање на лавот нè воведуваше во филмовите на познатата американска филмска продукција Metro-Goldwyn-Mayer Studios Inc. Оваа недела, MGM откри ново ажурирање на познатата маскота во нивното лого кое сега ќе има 3D изглед, полиран металик златен финиш и за прв пат, снимките од вистински лав се заменети со дигитален двојник.

Појавата на фото-реалистична компјутерска графика, воведена во блокбастери како „Терминатор 2“ и „Џурасик парк“ пред неколку децении, конечно му даде на Холивуд решение за проблемот со кој се занимаваше откако филмскиот стана многу профитабилен бизнис. Современите визуелни ефекти на некој начин ги подмладуваат ликовите, вметнуваат нивни двојници на екраните и ги софистицираат целокупните изведби на акционите сцени. Така да за холивудските компании прашање на конкурентност стана нивото на технологија што ќе го развијат и имплементираат во филмовите.

До денес гледавме дека CGI (computer-generated imagery) најмногу се користи како начин за подмладување на филмските ликови во секвенците од минатото каде тие треба да изгледаат младо. Ваков пример ни е познат од помладата верзија на Курт Расел во “Guardians of the galaxy Vol. 2”, или примерот со Мајкл Даглас без брчки во „Ant-Man and the waspа“, а воедно со оваа компјутерска технологија, актерите безбедно можат да изведуваат опасни акробации без потреба од обемни апаратури на сетовите и безбедносна опрема. Во таа насока, и логото со лавот од 1957 година се менува во почиста и помодерна варијанта бидејќи наскоро преминуваме од HD на 4K и 8K, па целата визуелизација станува сè попредизвикувачка. Познатиот лав конечно ќе биде заменет со лав CG, графика создадена од Baked Studios, продукција за визуелни ефекти и анимации.

Извор: google

Малкумина сфаќаат дека лавот во досегашното лого на MGM се појавува уште од 1957 година, што значи вкупно 64 години, што е за околу 49 години подолго од просечниот животен век на лавот. Тоа беше и уште една од причините што познатото филмско студио реши да изврши ажурирање на кралот на животните за новите генерации да не го доведат во прашање можеби и самиот животен век на ова грандиозно животно.

Новото “фенси” анимирано лого првично требаше да биде претставено преку најновиот филм за Џејмс Бонд „No time to day“, но поради одредени пречки кои се појавија поради пандемијата на „Ковид-19“, премиерата на филмот е прологонгирана, па така лавчето 9.0 верзија ќе дебитира во комедијата “Dog” со Чанинг Тејтум, кој ќе се промовира во јули годинава, како и во август со “Respect”, биографскa драма за Арета Френклин.

За дел од публиката, новото лого е тотално неавтентично затоа што звуците кои ги испушта лавот се компјутерски и вештачки наспроти првичните, кои изгледаа сосема уверливо и оригинално.