HENLEY AND PARTNERS - ГОДИШЕН ИНДЕКС

Јапонскиот највреден пасош во светот, а на кое место се наоѓа македонскиот?

Јапонците го имаат највредниот пасош на светот, со кој можат да влезат во 193 земји без виза, додека македонскиот пасош е на 43-та позиција од највредните пасоши во светот, според годишниот индекс на агенцијата „Henley and partners“.

Извор: google

Јапонците го имаат највредниот пасош на светот, со кој можат да влезат во 193 земји без виза, додека македонскиот пасош е на 43-та позиција од највредните пасоши во светот, според годишниот индекс на агенцијата „Henley and partners“.

Највреден пасош во светот е јапонскиот, со кој жителите на Јапонија можат да влезат во 193 земји без виза. На второ место е Сингапур со пасош кој овозможува пристап до 192 земји, додека третото место го делат јужнокорејскиот и германскиот (191 земја). Четвртата позиција, со пристап до 190 земји без виза, ја делат италијанскиот, финскиот, шпанскиот и луксембуршкиот.

Со српски пасош, можете да влезете во 135 земји без виза, а од земјите од регионот, пред српскиот се словенечкиот на 11-та позиција по вредност и хрватскиот – на 16-та позиција. Македонија е на 43-то место, а веднаш по неа е Црна Гора.

Американскиот пасош е на седмото место, а Американците можат да влезат во 187 земји низ целиот свет. Кинезите ја зазедоа 68-та позиција, додека руските граѓани можат да влезат во 118 земји без виза со пасошот кој се наоѓа на 48-та позиција.

Еве ги 10-те најдобри пасоши 2021 година:
1. Јапонија (193 места)
2. Сингапур (192)
3. Германија, Јужна Кореја (191)
4. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија (190)
5. Австрија, Данска (189)
6. Франција, Ирска, Холандија, Португалија, Шведска (188)
7. Белгија, Нов Зеланд, Швајцарија, Велика Британија, САД (187)
8. Чешка, Грција, Малта, Норвешка (186)
9. Австрија, Канада (185)
10. Унгарија, Литванија, Словачка (183)

Еве ги 10-те најслаби пасоши во 2021 година:
101. Косово, Либија (40)
102. Северна Кореја (39)
103. Непал (38)
104. Палестински територии (37)
105. Сомалија (34)
106. Јемен (33)
107. Пакистан (32)
108. Сирија (29)
109. Ирак (28)
110. Авганистан (26)

Бонус видео…