ЗАОСТРЕНИ МЕРКИ

Јапонија размислува да се откажат од настаните за олимпискиот оган

ТОКИО – Јапонската влада денес објави дека ќе воведе итни мерки, како што е работа со скратено работно време и дека ќе побара од луѓето да работат од дома во западниот регион Осака, во обид да се запре ширењето на Covid-19.

Извор: google

Гувернерот на Осака, Хирофуми Јошимура изјави дека треба да се откажат настаните поврзани со олимпискиот факел во главниот град на таа префектура, еден ден откако тој „го вклучи алармот“ поради новиот четврти бран на инфекција со вирусот корона, пренесува Ројтерс.

Мерките за контрола на инфекцијата ќе важат во префектурите Осака, Хјого и Мијаги и ќе бидат во сила од 5 април до 5 мај, изјави јапонскиот министер за економија, Јасутоши Нишимура.

Конечната одлука за усвојување на мерките ќе биде донесена на состанокот на работната група задолжена за борба против ковида-19, предводена од премиерот Јошихиде Суга.

Во изминатите неколку дена, бројот на нови инфекции во Осака го надмина бројот на заразени во многу поголема метропола во Токио.

Префектурата Осака објави 599 нови случаи, што е близу до рекордот од 654 регистрирани на крајот на јануари, кога Јапонија беше погодена од третиот и најсмртоносен бран на пандемијата.