ИСТОРИСКО ДОСТИГНУВАЊЕ

Инженерите на „Nasa“ подготвени за првото слетување на Марс

Во следните недели, НАСА ќе лансира мал хеликоптер кој треба да слета на Марс заедно со роверот Perseverance. Тоа ќе биде првото човечко вселенско летало кое ќе се издигне над друга планета.

Извор: google

Во следните недели, НАСА ќе лансира мал хеликоптер кој треба да слета на Марс заедно со роверот Perseverance. Тоа ќе биде првото човечко вселенско летало кое ќе се издигне над друга планета. Хеликоптерот наречен „Ingenuity“ тежи 1,8 килограми и ќе се наоѓа под планетарниот ровер на НАСА. Веќе на 8 април, хеликоптерот треба да се обиде да полета на висина од три метри над почвата.

За да го одбележи овој голем настан, НАСА под сончевиот панел на хеликоптерот ќе скрие парче ткаенина од крилото на познатиот моторен авион на браќата Рајт, кои го полетаа првиот пилотиран авион во историјата.

Авионот на браќата Рајт, кој бил изграден од смрека, имал мотор тежок 180 килограми и бил првиот авион кој полетал во 1903 година. Малото парче муслин/памук, кое беше дел од тој авион, сега ќе полета на Марс. Пред тоа и друго парче од тој авион заврши на Месечината за време на слетувањето во 1969 година.

Најголемиот проблем за хеликоптерот ќе биде преживување во првата ноќ без заштита и напојување од роверот, кој има задача да го документира овој лет со помош на својата моќна камера и двата микрофона.

Овој хеликоптер од 85 милиони долари е само прототип, а атмосферата на Марс е исклучително ретка, односно само еден процент од густината на Земјата, па затоа тоа ќе го отежни слетувањето.

Rover Perseverance со себе носи уште едно богатство – инструмент наречен MOXIE, кој ќе го претвори јаглерод диоксидот во кислород на оваа црвена планета.