ТЕХНОЛОГИЈА

Koмпанија на Илон Маск смета дека може да го оживее „Jurassic Park“

Коосновачот на Neuralink, кој исто така е во сопственост на Илон Маск, објави прилично бомбастичен твит. Имено, тој напиша дека компанијата веќе ја има технологијата со која би можеле да направат вистинска реална верзија на „Jurassic Park“.

Извор: uniland

Коосновачот на Neuralink, кој исто така е во сопственост на Илон Маск, објави прилично бомбастичен твит. Имено, тој напиша дека компанијата веќе ја има технологијата со која би можеле да направат вистинска реална верзија на „Jurassic Park“.

– “Веројатно би можеле да го направиме паркот Јура вистински, ако тоа го сакаме. Тоа не би биле генетски автентични диносауруси, но можеби 15 години размножување и инженерство би довело до супер егзотични нови видови”, напиша на својот профил на Твитер ко-основачот на Neuralink.

Сепак, тој не тврди дека компанија за невротехнологија може да ги врати во живот исчезнатите праисториски влекачи, но се залага за идејата на некаква нивна модификација и верува дека со тоа би се зголемил биодиверзитетот на Земјата.

Извор: google

Според него, биодиверзитетот е секако вреден; зачувувањето на тие видови е важно и има смисла, па затоа прашува зошто да не создадеме нова разновидност?

Она што со сигурност го знаеме за технологијата на „Neuralink“ и нејзините досегашни достигнувања е дека минатото лето тие направија функционален прототип на уред за имплантирање мозок за кој веруваат дека може да излечи цела низа здравствени заболувања, од квадриплегија до слепило.

Па, ако тој проект се покаже успешен, дали следно да очекуваме и оживување на диносауруси?

Бонус видео…