ГИНИСОВ РЕКОРД

Hyundai го собори Гинисовиот рекорд со небесниот спектакл

Hyundai ја лансираше својата марка луксузни возила Genesis на кинескиот пазар кон крајот на минатиот месец, а по тој повод јужнокорејската компанија направи вистински спектакл на небото и постави нов Гинисов рекорд.

Извор: google

Genesis е добро познат во Азија каде се натпреварува со компании како Mercedes, BMW, Audi, Lexus и слични врвни производители на модели на автомобили.

Објавени се два модели на кинескиот пазар – G80 и GV 80 SUV, кои наскоро треба да бидат пуштени во продажба, а најавено е и отворање на луксузен салон во Шангај.

Токму во тој град, односно над тој град, се одржа настан кој официјално го најави пристигнувањето на Genesis на кинескиот пазар, а главната улога на настанот им припадна на дроновите кои го снимаа целото шоу.