HIGH TECHNOLOGY MASKS

Фронтменот на Black Eyed Peas ќе продава заштитна маска за 300 долари

Раперот Will.i.am e подготвен да лансира високотехнолошки заштитни маски за лице, имајќи предвид дека уште долго луѓето нема да вратат на вообичаената нормалност.

Извор: google

Раперот Will.i.am e подготвен да лансира високотехнолошки заштитни маски за лице, имајќи предвид дека уште долго луѓето нема да вратат на вообичаената нормалност. Основачот на Black Eyed Peas оваа недела објави дека се здружува со Honeywell за лансирање на XUPERMASK, маска од 299 долари.

Покрај двојните вентилатори со три брзини и HEPA филтрите, овие маски ќе имаат можност за поврзување со Bluetooth, LED дневни светла за сјај, можности за аудио и микрофон.

Батеријата би траела седум часа по што би се полнела, а вистинската вредност на маската во целина лежи во функционалноста и модерниот дизајн на безбедносната технологија. XUPERMASK е дизајниран од will.i.am, Honeywell и Хозе Фернандез, дизајнерот кој стои зад вселенските костуми на Илон Маск.

Со текот на годините, will.i.am инвестираше во Tesla и Beats Electronics и стана директор за иновации на Intel. Неговата нова улога како дизајнер на маски доаѓа кога некои држави започнаа да ги укинуваат уредбите за задолжителни маски во услови на пораст на вакцинациите во САД. Сепак, експертите велат дека Американците нема да ги тргнат маските во скоро време.

XUPERMASK сè уште не е одобрен од FDA, но е овластен за итна употреба од пошироката јавност и од здравствените работници. Маската ќе започне да се продава од 8 април на веб-страницата на раперот, Xupermask.com.

Бонус видео…