ЕКОНОМСКА ПАНДЕМИЈА

Еврото падна, доларот порасна - ситуацијата низ Европа загрижувачка

Еврото повторно ослабе, а Европската централна банка е во загрижувачко расположение.

Извор: google

Еврото повторно ослабе, а Европската централна банка е во загрижувачко расположение. Трендот на опаѓање е сè уште во функција, овој пат како резултат на третиот бран на корона вирусот кој влијае на сè повеќе европски земји. Исто така, постои проблем со блокадата на вакцинацијата. Всушност, не само што не се гледа крајот на пандемијата, туку во моментот изгледа дека може да биде уште полошо.

Економијата на ЕУ по многу економски експерти ќе закрепне подоцна отколку што се очекуваше. Од друга страна, доларот станува сè посилен. Да потсетиме, низ Европа преовладуваат нови правила, построги ограничувања поради неповолните епидемиолошки ситуации.

Франција, погодена од третиот бран е во епидемиски „критична“ ситуација и во саботата дополнително го ограничи движењето, а епидемиолошките мерки беа засилени во Белгија и Полска. Во некои зони во Франција (вклучувајќи го и Париз), движењето е ограничено на 10 километри, како и ограниченост во напуштање на станот без основана причина.

Извор: google

Продавниците се затворени, а часовите во основните училишта преполовени. Угостителските објекти и културните места се затворени. Поради третиот бран на епидемијата, од сега и Шпанија бара негативен PCR тест, не постар од 72 часа, за сите лица кои влегуваат во земјата од Франција преку копнена граница.

Во Белгија сè е затворено освен продавниците за најнеопходни артикли. Работните ангажмани во кои се вклучени интеракции се исто така суспендирани. Полска одлучи да затвори градинки, големи продавници за мебел, како и продавници за градежни работи и продавници кои продаваат алатки и машини за домови и дворови. Како и во Белгија, така и во Полска, работните места кои подразбираат контакти со соработници и клиенти се на „стенд бај”.

Во Германија, Министерот за здравство рече дека итно им треба заклучување за Велигден до 14 дена.

Лошата епидемиолошка слика негативно влијае и на економијата во Европа. Сето ова резултира со пад на европската валута.