БРИТАНИЈА ПОД ИНФЛАЦИЈА

Обединетото Кралство со највисока инфлација од октомври 1981 година.

Инфлацијата расте во многу земји, па стапката на инфлација во Велика Британија од 11,1 отсто во октомври достигна највисоко ниво во последните 41 година, објави Националната канцеларија за статистика.

Извор: google

Инфлацијата расте во многу земји, па стапката на инфлација во Велика Британија од 11,1 отсто во октомври достигна највисоко ниво во последните 41 година, објави Националната канцеларија за статистика.

Потрошувачките цени во септември пораснаа за 10,1 отсто, а економистите очекуваа раст од околу 10,7 отсто за октомври, што инфлацијата го надмина.

Што влијаеше на зголемувањето на инфлацијата?
Повисоките цени на храната и енергијата ја притиснаа октомвриската стапка на инфлација на највисоко ниво од октомври 1981 година, соопшти Канцеларијата.
Се очекува Владата да ги објави плановите за даночната политика и трошење.

Новите бројки беа објавени пред денот кога министерот за финансии Џереми Хант треба да го претстави новиот буџет во услови на зголемен притисок за зголемување на платите, бенефициите и за повеќе трошоци за здравството и образованието.

Извор: google

Барањата ги комплицираат напорите на Хант да го покрие буџетскиот дефицит од околу 50 милијарди фунти и да го врати финансискиот кредибилитет на владата, откако катастрофалните економски политики на поранешната премиерка Лиз Трс ја поткопаа довербата на инвеститорите и предизвикаа превирања на финансиските пазари.

Инаку, во САД стапката на инфлација во октомври падна на 7,7 отсто од 8,2 отсто во септември.

Претходно беше најавено дека британските потрошувачи од октомври ќе забележат поскапување на енергенсите за 80 отсто.

Извршниот директор на Офгем, Џонатан Брерли, рече дека новиот британски премиер ќе мора итно да дејствува за да се справи со растечките цени на енергијата, предупредувајќи на нивното веројатно дополнително зголемување.