КАЗНА ЗА „НЕПОСЛУШНИТЕ“

Брисел штотуку ја „спушти“ првата рампа кон Србија затоа што не воведе санкции кон Русија

Србија на крајот на јуни нема да отвори никаков кластер во преговорите со Европската унија, бидејќи нема воведено санкции кон Руската Федерација. Министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ потврди дека се е подготвено за отворање на кластерот 3, но дека тоа нема да се случи поради непочитување на режимот на рестриктивни мерки на ЕУ.

Извор: google

Србија на крајот на јуни нема да отвори никаков кластер во преговорите со Европската унија, бидејќи нема воведено санкции кон Руската Федерација. Министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ потврди дека се е подготвено за отворање на кластерот 3, но дека тоа нема да се случи поради непочитување на режимот на рестриктивни мерки на ЕУ.

Кон крајот на јуни во Брисел се одржува конференција на високо ниво со која завршува шестмесечното француско претседателство со ЕУ. Српските власти се надеваа дека ќе можеме да отвориме барем еден кластер на тој собир, но сега е извесно дека тоа нема да се случи.

Министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ за медиумите изјави дека Србија е подготвена да го отвори кластерот 3, но дека нема да биде отворен на крајот на јуни.

„Што се однесува до нас, ние сме целосно подготвени да го отвориме кластерот 3 – конкурентност и инклузивен раст, меѓутоа, беше јасно дека нема да отвориме кластер во јуни, токму поради непочитување на режимот на рестриктивни мерки. И за другите не сум голем оптимист, но има време до крајот на годината“, изјави Јоксимовиќ.

Овој исход од овогодинешниот обид за напредување кон ЕУ беше очекуван за Белград.

Едноставно е, Србија без воведување санкции кон Русија нема да може да напредува кон ЕУ е порака која во неколку наврати пристигнува од Брисел.

Со измените на резолуцијата на Европскиот парламент што денеска ја усвои Комисијата за надворешна политика на ЕП, недвосмислено се бара Србија да воведе санкции кон Русија и на тој начин јасно се утврдува дали е на европскиот пат. Тоа е всушност услов за отворање на поглавјето и каков било напредок на Србија кон ЕУ.

Србија е поканета да ја преиспита својата економска соработка со Русија. Внимание привлекува и фактот дека летовите на релација Москва-Белград се уште се активни и покрај тоа што воздушниот простор на ЕУ за летови кон Русија е затворен.

Од Србија се бара и „да ја прекине целата воена соработка со Русија“, а тоа се однесува и на Регионалниот руско-српски регионален хуманитарен центар во Ниш.