МОТОРИ СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ

Држави кои први ќе забранат продажба на бензин и дизел мотори

Строгите регулативи и трендови во автомобилската индустрија јасно ставаат до знаење дека бензинските и дизел моторите повеќе не се пожелни. Така, многу земји веќе ги објавија датумите кога ќе забранат продажба на возила со мотори со внатрешно согорување.

Извор: google

Строгите регулативи и трендови во автомобилската индустрија јасно ставаат до знаење дека бензинските и дизел моторите повеќе не се пожелни. Така, многу земји веќе ги објавија датумите кога ќе забранат продажба на возила со мотори со внатрешно согорување.

Првата на листата, очекувано, е Норвешка, каде што првите забрани стапуваат на сила за неколку години. Во последниве години, Норвешка беше светски лидер во имплементацијата на електрични автомобили, и тоа благодарение на државните субвенции и широката достапност на полначи за овој тип на возила.

Затоа, не треба да изненадува што земјата одлучи да биде прва во светот што ќе забрани продажба на автомобили со мотор со внатрешно согорување. Забраната во оваа земја започнува за 4 години, односно 2025 година.

Други земји на листата се оние кои донесоа нешто порелаксирана одлука. Словенија е меѓу земјите што одлучија да ја укинат продажбата на возила со фосилни горива до 2030 година.

Европската унија одлучи да го помести рокот до 2035 година. Франција и Шпанија се малку послаби во однос на рестрикциите и го поместуваат рокот за уште пет години, до 2040 година. На дното е Костарика со краен рок до 2050 година.

Хрватитеочекуваат дека, во најдобар случај, ќе ги следат одлуките на ЕУ. Но, тоа не значи дека автомобилите со класичен погон ќе исчезнат од нивниот пазар. Србија и Македонија се само далеку од овој тренд – земајќи ја предвид просечната старост на возниот парк, што е 17 години, уделот на користени возила на пазарот, и секако куповната моќ, јасно е дека класичните автомобили ќе се возат во овие земји и во следните, долги години.