ГРИЖА ЗА ФАНОВИТЕ

Доналд Трамп со свој веб сајт ќе остане во контакт со поддржувачите

Поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп, отвори својa веб сајт платформа – www.45office.com со цел да остане во постојан контакт со своите симпатизери и поддржувачи.

Извор: архива

Поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп, отвори својa веб сајт платформа – www.45office.com со цел да остане во постојан контакт со своите симпатизери и поддржувачи.

„Канцеларијата на Доналд Трамп е посветена на зачувување на величественото наследство на администрацијата на Трамп, истовремено унапредувајќи ја агендата на Америка“, се вели во пораката на почетната страница на веб-страницата.

На насловната страна на сајтот се поставени повеќе фотографии на кој е Трамп со познати личности, исто како и неговата сопруга Меланија. Еден дел од новиот сајт е посветен на престојот на Трамп во Белата куќа.

Сајтот го нагласува и она што Трамп често го наведуваше како негови најголеми достигнувања, вклучително и енергетската и граничната безбедност, зајакнувањето на НАТО и другите меѓународни сојузи и неговата борба со пандемијата на коронавирусот.

Трамп задржува значително влијание врз Републиканската партија и покрај неговата загуба на изборите во 2020 година, но навести можна претседателска трка и во 2024 година.

Бонус видео…