Продуктивност

Дали наскоро должината на работното време ќе биде скратено

На Шпанија и претстои тест период за четири дена работна недела Шпанија е подготвена да стане една од првите земји во светот што ќе проба четиридневна работна недела.

Извор: google

На Шпанија и претстои тест период за четири дена работна недела.
Шпанија е подготвена да стане една од првите земји во светот што ќе проба четиридневна работна недела.

Планот ќе им овозможи на работниците да поминуваат помалку часови во канцеларија – без кратењe на платите. Тест идејата беше предложена од левичарската партија Мас Паис, која тврди дека подолгите часови не значат и поголема продуктивност.

Деталите за проектот не се истребени, но партијата предложи тригодишен проект, вреден 50 милиони евра, што ќе им овозможи на заинтересираните компании да се приклучат во проектот со минимален ризик.

Трошоците на компанијата ќе бидат покриени 100% во првата година, 50% во втората и 33% во третата година. Иниго Ерехон од Мас Паис на Twitter изјави дека четиридневната недела ја започнува дебатата за нашето време, додавајќи дека дојде и неговото време.

Тестот ќе покаже какви резултати носи новото работно време.