НАТО „ЗАРОБЕНИШТВО“

Членките на НАТО алијансата немаат право да се предомислат

„НАТО нема механизам за исклучување на членки. Нема да препорачам тоа да биде воведено во нашиот основачки договор“, изјави Столтенберг во Рига во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата.

Извор: google

„НАТО нема механизам за исклучување на членки. Нема да препорачам тоа да биде воведено во нашиот основачки договор“, изјави Столтенберг во Рига во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на Алијансата.

Столтенберг додаде дека и да го предложи, тоа никогаш нема да се случи бидејќи за таква одлука е потребен консензус од сите 30 членки, што значи дека секоја земја има право на вето.

За време на дводневниот состанок министрите ќе разговараат за предлозите на генералниот секретар за измена на Стратешкиот концепт на НАТО, документ во кој се опишува мисијата на Алијансата и план за прилагодување на современите безбедносни предизвици. Последниот стратешки концепт беше усвоен во 2010 година и не ја спомнува Кина или климатските промени.

Најавено е дека конечниот текст на Стратешкиот концепт ќе биде усвоен на самитот на НАТО во Мадрид во јуни 2022 година.

Останува нејасно како Алијансата ќе се бори против авторитаризмот кај некои од нејзините членки или како ќе ги реши проблемите што се појавуваат кога една членка ги бојкотира акциите на НАТО, како на пример кога Унгарија ги блокираше средбите на високо ниво со Украина во врска со правата на унгарското малцинство во таа земја. земја..

Столтенберг рече дека одговорот не е да се исклучат членовите.

„Мислам дека е подобро да се користи НАТО како платформа и да има искрени и отворени дискусии кога сме загрижени дали сите сојузници ги исполнуваат демократските стандарди“, рече Столтенберг.

„Ако тие земји беа исклучени, тогаш таа платформа повеќе немаше да постои“, рече Столтенберг, додавајќи дека смета дека е подобро да се задржи НАТО со сите негови членки, пренесува Бета.

Сепак, тензиите меѓу поединечните членки на Алијансата се зголемуваат.

Турција предизвика незадоволство кај повеќе земји поради купувањето руски ракетни системи и истражувањето на енергетските резерви во спорните води во Средоземното Море.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во 2019 година изјави дека Алијансата претрпе „мозочна смрт“ поради отсуството на американското раководство. Макрон се пожали дека администрацијата на Доналд Трамп ја донела одлуката да ги повлече американските трупи од Сирија без да се консултира со сојузниците.

Договорот меѓу САД, Велика Британија и Австралија, поради кој беше раскинат договорот меѓу Канбера и Париз за купување на француски подморници, многу го налути Макрон, кој побара да се преиспита начинот на политичко функционирање на НАТО.