ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА

Бизарно или привлечно - кучињата станаа подвижни политички реклами

Изборите во индиската држава Утар Прадеш во последните денови кренаа голема прашина. Особено на интернет формите и социјалните мрежи.

Извор: google

Изборите во индиската држава Утар Прадеш во последните денови кренаа голема прашина. Особено на интернет формите и социјалните мрежи. Причината за тоа е што некои политички кандидати користат кучиња скитници како подвижни реклами така што закачуваат рекламни постери на нив.

Фотографиите кои кружат на Интернет ги изреволтираа активистите за заштита на правата на животните, но политичките кандидати сепак сметаат дека тие не ги злоупотребуваат животните, туку напротив – ги хранат и малку ги украсуваат со тие реклами. Сепак, целта е да се привлече вниманието на потенцијалните гласачи.

„Како би се чувствувал еден човек ако за време на изборната кампања му залепиме лепенки на лицето? Само затоа што животното не може да се жали, не значи дека треба да се однесуваме така. Полицијата треба веднаш да реагира на такви работи” – сметаат активистите за правата на животните.

Бонус видео…