РЕГИСТРИРАН ПАД

Биткоинот падна поради новиот вид на коронавирус

Биткоинот нагло падна денеска, за речиси осум отсто, по извештаите за нов вид на коронавирус кој е потенцијално отпорен на вакцината, што ги натера инвеститорите да ослободат ризични средства во корист на безбедни засолништа како што се државните обврзници, јенот и доларот.

Извор: google

Биткоинот нагло падна денеска, за речиси осум отсто, по извештаите за нов вид на коронавирус кој е потенцијално отпорен на вакцината, што ги натера инвеститорите да ослободат ризични средства во корист на безбедни засолништа како што се државните обврзници, јенот и доларот.

Биткоинот потона за цели 7,8 отсто на 54.377 долари, на најниско ниво од 12 октомври, јави Танјуг.

Најголемата светска дигитална валута по пазарна капитализација е на пат да го забележи најдлабокиот еднодневен пад од 20 септември оваа година, губејќи повеќе од една петтина од својата вредност во споредба со рекордното ниво од 69.000 долари што го достигна претходно овој месец.

Научниците рекоа дека новиот вид на вирус, кој беше откриен во Јужна Африка, Боцвана и Хонг Конг, претставува необична комбинација на мутации, што може да го направи отпорен на имунолошкиот одговор на телото или позаразен од делта соевите.

„Неговото проширување, особено во други земји, може дополнително да го намали апетитот на инвеститорите на крипто-пазарите. Враќањето на биткоинот веројатно ќе биде ограничено и пазарот треба да биде подготвен за дополнителни загуби“, вели Јуја Хасегава од берзата Битбанк во Токио.

Паднаа и помалите криптовалути, кои имаат тенденција да се движат во тандем со биткоинот.

Етер, вториот по големина токен по пазарна капитализација, падна за дури 11,6 отсто на најниското неделно ниво.

Според последните расположливи податоци се тргува на ниво од 4.070 долари, што е за околу 18 отсто под неговата рекордна вредност забележана на 10 ноември.