БИОМЕТРИСКА ТЕХНОЛОГИЈА

Банката во Сингапур овозможи трансакции само преку препознавање на лицето

Замислете да треба наместо да внесувате платежна картичка во банкомат, само да го погледнете апаратот и тој да ве информира за сè што ви треба во однос на проверка на салдо или исплата на пари.

Извор: google

Замислете да треба наместо да внесувате платежна картичка во банкомат, само да го погледнете апаратот и тој да ве информира за сè што ви треба во однос на проверка на салдо или исплата на пари. Експертите сметаат дека ваквите технологии сè уште носат со себе одредени безбедносни предизвици на кои треба да се работи во иднина, но дека во оваа ситуација, кога корона вирусот може да се пренесе рачно, тие се повеќе од корисни бидејќи помагаат да се избегнат ризични контакти.

Во иднина, наместо да ја доближите или вметнете картичката во назначениот отвор на банкоматот, ќе биде доволно да подигнете готовина само ако погледнете во банкоматот. Таквите банкомати веќе се користат во светот, а пионер е Кина, каде пред шест години беше поставен банкомат со поддршка за препознавање на лице како метод за верификација на корисникот, а истата технологија ја користеше Шпанска банка во 2019 година.

Сега и сингапурската OCBC воведе биометриска технологија за препознавање на лице за услугите со банкомат со што се елиминира потребата од внесување платежни картички. Банката тврди дека е прва во Југоисточна Азија што применила биометрика на лицето (3Д и детално скенирање на лице) за услугата за биланс на сметка.

Потегот на банката доаѓа следствено на воведувањето на технологија за QR-код за повлекување готовина на истите банкомати пред година ипил. OCBC наведува дека прашањата за салда на сметки и повлекување готовина се најчесто користените услуги на банкоматите и дека тие сочинуваат скоро осум од 10-те трансакции што ги прават клиентите.

Извор: google

Скенираното лице на клиентот се проверува во националната биометриска база на податоци на Сингапур, која содржи фотографии и идентитети на четири милиони жители на оваа земја. Верификацијата на лицето вклучува безбедносна карактеристика за да се спречи измама со што се блокира можната злоупотреба на фотографии, видеа или маски за време на процесот на препознавање. Сè што треба да сторат корисниците е да го внесат својот единствен идентификациски број и да застанат пред камерата која поддржува технологија за препознавање лице.

Како предност на овој начин на користење на банкоматите без картички, банката ја нагласува безбедноста, затоа што картичките можат да бидат украдени.

Кина и Сингапур ја започнаа оваа технолошка иновација, а допрва и останатите развиени земји ќе работат на нејзино имплементирање и усовршување. Кога можеме да сметаме дека Македонија би се вклучила во овој проект?

Имајќи предвид дека македонските граѓани, генерално сакаат да вадат и да плаќаат со готовина, наместо со картичка или телефон, се чини дека малку ќе почекаме за еден ваков изум.