ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ

Бразил: Apple казнет за продажба на iPhone без полнач

Бразилското тело за заштита на потрошувачите го казни Apple со 2 милиони долари за продажба на iPhone без полнач. Бразилската владина организација за заштита на потрошувачите, „Proconu-SP“, одлучи да го казни Apple со 2 милиони американски долари бидејќи не ги вклучува полначите во пакетите со нови iPhone.

Извор: google

Минатата година Apple ги лансираше телефоните iPhone од 12-та генерација, повлекувајќи контроверзен потег за испорака на уреди без полнач, под изговор дека на тој начин ќе се заштити животната средина и ќе се намали електронскиот отпад.

Тимот од Купертино изјави дека сметаат дека повеќето купувачи на новиот iPhone веќе имаат полнач со Lightning конектор од стариот уред, а доколку немаат, секогаш можат да го купат во продавницата на Apple.

Тоа објаснување не му се допадна на бразилскиот заштитник на потрошувачи, кој рече дека испораката на телефонот без полнач ги крши бразилските закони, па ги казни со 2 милиони долари, но Apple сепак има право на жалба на одлуката.

Бидејќи продажбата на iPhone без полначи започна вистински тренд кај многу производители на телефони, ова ја отвора можноста Proconu-SP наскоро да ги казни другите компании, вклучувајќи го и корејскиот Samsung.