Нацистичко лого

„Амазон“ пушти во употреба лого со мустаќи а ла Хитлер

„Амазон“ со корпоративна маркетинг утка, која по реакциите на јавноста, реши да ја поправи и да се извини. Познатиот онлајн продавач брзо го замени логото на апликацијата за купување по многуте коментари за неодамнешното редизајнирање, во кое новото лого потсетуваше на озогласениот нацист Адолф Хитлер.

Извор: bbc

„Амазон“ со корпоративна маркетинг утка, која по реакциите на јавноста, реши да ја поправи и да се извини. Познатиот онлајн продавач брзо го замени логото на апликацијата за купување по многутте коментари за неодамнешното редизајнирање, во кое новото лого потсетуваше на озогласениот нацист Адолф Хитлер.

Логото на апликацијата, што се појавуваше долго време на паметните телефони и таблети, претходно покажуваше количка за шопинг. Со цел да промени нешто, Амазон реши да вметне ново лого на оваа апликација. Но, новото лого не му се допадна никому. Ова лого беше лансирано во јануари, а самата икона прикажува сина лента под која следи стрелка во вид на „насмевка. За голем дел од јавноста, ваквиот дизајн и самата лента наликува на мустаќите на Хитлер, нацистичкиот диктатор. Уште позастрашувачки за јавноста беше што под мустаќите се гледа насмевка, нешто што никако не треба да асоцира на задоволство при онлајн шопингот ако веќе потсетува на Хитлер.

Несакајќи своите потрошувачи да добијат симболика на компанијата поистоветувајќи ја со злобен историски лик, технолошкиот гигант ги послуша реакциите на своите конзументи и јавноста, па го промени овој дизајн во визуелно поинаков со преклопена сина лента која веќе не потсетува на мустаќите на Хитлер.

Извор: google

За бренд дизајнерката и извршната директорка на дизајнерката компанија која го направила логото, брендовите цело време треба да ги менуваат своите логоа. Но, позитивно за нив е тоа што компанија како Амазон ги слушнала критиките на клиентите од оние земји каде било лансирано најпрвин ова лого.
„Јасно е дека тие се грижат за тоа што зборуваат нивните клиенти и го ставаат клиентот во срцето на она што го прават. Задоволството на клиентите е пред сè друго, а на Амазон не им се потребни купувачи кои би се плашеле да ја отворат апликацијата и притоа мирно да пазаруваат“, изјавија дизајнерите.

Грешките на брендовите поврзани со нацистите исто така не се случуваат за прв пат сега со Амазон. Во 2002 година, спортскиот британски бренд “Umbro” беше критикуван откако во рекламите се потенцираше името на еден од тренерите на компанијата, кој го имал истото име како токсичниот гас што нацистите го користеа за убиство на милиони луѓе низ цела Европа.