ЈУБИЛЕЈ

15 години од основањето на социјалната мрежа „Twitter“

Пред точно 15 години, на 21 март 2006 година, директорот на „Twitter“, Џек Дорси ја напиша првата порака на денес една од омилените социјални мрежи.

Извор: unsplash

Пред точно 15 години, на 21 март 2006 година, директорот на „Twitter“, Џек Дорси ја напиша првата порака на денес една од омилените социјални мрежи. „Отворив профил на Твитер“, гласеше првата порака на „Twitter“, која сега има повеќе од 190 милиони корисници и е особено популарна меѓу политичарите, експертите од различни области и новинарите.

„Twitter“ со седиште во Сан Франциско стана клучен играч во социјалните мрежи за 15 години постоење, но воедно компанија која постојано беше следена и со некои контроверзии. Социјалната мрежа ги изненади своите корисници во јануари со блокирање на профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, што беше главната алатка за комуникација на Трамп.

Твитовите на Трамп ги следеа околу 88 милиони луѓе, а неговиот профил беше тргнат поради повеќекратно поттикнување на насилство, како и по немирите на неговите приврзаници во Капитол Хил. Тој потег беше дочекан со поздрави, но и со осуди, и сето тоа е знак на сложената рамнотежа помеѓу неутралноста, одбраната на слободата на изразување и умереноста со кои се соочува „Twitter“.

На почетокот на март, директорот на „Twitter“ понуди да ја продаде првата порака на Твитер. Да се ​​купи порака значи да се добие „дигитален сертификат за твит, единствен по тоа што авторот го потпишал и потврдил“, се наведува на онлајн страницата за продажба каде таквата продажба е налик продавање на автограм. За таа порака денес се нудат околу 2.5 милиони долари.

Бонус видео…