Права на жените

Дали забраната за носење бурка ќе значи дека жената нема веќе да е покорна?

На вчерашниот референдум, швајцарските граѓани го поддржаа предлогот за забрана за носење никаб и бурка од страна на муслиманките во земјата. Забраната ќе се однесува на покривање на лицето на јавни места, како што се рестораните, спортските објекти, јавниот превоз или при одење.

Извор: unsplash

На вчерашниот референдум, швајцарските граѓани го поддржаа предлогот за забрана за носење никаб и бурка од страна на муслиманките во земјата. Забраната ќе се однесува на покривање на лицето на јавни места, како што се рестораните, спортските објекти, јавниот превоз или при одење.

Швајцарската Влада се спротивстави на мерката затоа што сметаше дека покривањето на лицето е „маргинално“ социјално прашање и предупреди дека туризмот ќе биде загрозен бидејќи повеќето жени кои туристички доаѓаат во Швајцарија доаѓаат од богатите арапски земји, во кои жените го покриваат лицето.

Од друга страна, здружението кое е иницијатор на референдумот и е блиско до Народната партија на Швајцарија, како аргументи за забраната наведе постоење чувство на „загрозеност од радикалниот ислам и доследно спроведување на правата на жените.“. Тие сметаат дека носењето шамија го симболизира угнетувањето врз жените и дека се потребни мерки за зачувување на принципот на изразување на лицето во слободно општество како што е Швајцарија.

Извор: bbc

Со зелено светло на забраната, Швајцарија се приклучи кон Франција, каде што превезите на цело лице во јавноста беа забранети во 2011 година, како и кон земјите како Данска, Австрија, Холандија и Бугарија, каде во моментов се воспоставени целосни или делумни забрани за прекривки на лицето. Два швајцарски кантони веќе воведоа слични ограничувања на бурките неколку години наназад.

Забраната на носење превези на лицето го поставува прашањето за оправданоста на оваа уставна промена – дали со ваков потег навистина се укинува симболот на покорност на жената или ова е дискриминација кон одредена религија што ќе поттикне и социјални реперкусии, особено во сферата на туризмот.