Извор: google
Најголемите спонзори ќе останат кај Новак Ѓоковиќ, без разлика на настаните кои доведоа до депортација од Австралија. Лојалноста и посветеноста на најдобриот тенисер во светот ја потврдија „Рајфајзен банка“ и компанијата „Ибло“ која произведува луксузни часовници, а истото се очекува и за „Лакост“, чија опрема Ѓоковиќ со голем успех ја носи неколку години.
Во случај да ги пропушти преостанатите три Грен слем-а во сезоната, светскиот „бр.1“ ќе остане без шанса да заработи 8,18 милиони долари, само од награди на турнирите.
Но, финансиски би претрпел многу поголема штета, бидејќи таквото сценарио секако би било проследено со барања од спонзори. Ѓоковиќ минатата сезона заработи вкупно 34,5 милиони американски банкноти, што го става на 46. место на листата на спортисти со најголема заработка во 2021 година.
Форбс пишува и дека тој не е единствениот спортист кој покажал скептицизам кон вакцината против Ковид 19, бидејќи според анализата на овој магазин од декември, дури 13 од 50 спортисти од споменатата листа не потврдиле дека се вакцинирани. .
Статусот на вакцината обично има мало влијание врз спонзорските договори, но има случаи кога се појавиле проблеми. Најпознат секако е оној со НФЛ ѕвездата Ерон Роџерс, кој минатата есен остана без договор со компанијата „Превеа хелт“ од Висконсин поради ширење лажни информации за вакцината.