Извор: google
Нашиот текст „Дали креативците во Публицис се запознаени со реалните услови за вработените во Стопанска Банка АД Скопје?“ предизвика голема лавина на реакции и многубројни мејлови кои пристигнаа во изминатите 3 дена. Очигледно е дека, зад розевата банка и идиличните слогани на нивните рекламни кампањи се кријат многу законски неправилности и нарушувања на ентузијазмот пропратен со психички тортури и непочитувања кон нивните вработени. Ова е еден од многуте мејлови кои пристигнаа во нашата редакција, го објавуваме во целост
„Почитувани,
Ова е моето работно искуство во Стопанска банка АД Скопје:
- Интервју, (кадрово одделение со не прецизни информации)
Имено, како што веќе објавивте, поминуваш низ две долги интервјуа за на крај да ти кажат дека како дипломиран економист, за да работиш во нивната банка добиваш почетна плата од 18000 денари (на крај излегува помалку бидејќи плаќаат по бројот на работни денови во месецот). - Нема обуки (кратки тренинзи за одговорни позиции)
И од тука почнува тортурата, те седнуваат без соодветна обука после 2-3 дена на благајна да работиш со пари – најкритично средство за работа, бидејќи на нив им се брза, немаат доволно кадар поради постојаните откази. - Нема време за пауза
Нејсе, почнуваш да работиш и така полека се вклопуваш во таа нивна шема каде што немаш пауза за јадење бидејќи сте само двајца благајници, а надвор константно чекаат 20 луѓе кои те пцујат и ти вршат притисок како си бавен и зошто стануваш во тоалет. Премногу клиенти, премалку вработени во банка. - Искористување и тортура врз вработениот
И наместо да работат повеќе благајници и по закон за заштита и безбедност од работа истите да прават редовна пауза, тоа во СТБ не постои бидејќи целата работа може да се заврши од двајца кои ќе работат без престан по минимум 9 часа на ден. - Избегнување на исплата за прекувремена работа
Се што е над 8 часа работно време не се признава односно не се авторизира бидејќи недај боже да треба да ти го платат тој еден час-два каде што остануваш да правиш нешто друго за целите на нивно профитирање. - Приморано отчукување за престанок на работно време
Така што, се куцаш со картичка за излез точно во 16:20, па ти ако сакаш седи и работи (а мораш) до 20 часот. - Благајниците се и продавачи
Е откако ќе се вклопиш после некој месец, почнува притисокот за продажба – тоа е она што им е најбитно на големите риби. Те тераат константно да ги замараш клиентите на мобилен, им вртиш постојано на истите луѓе да ги молиш да го рефинансираат кредитот или да извадат кредитна картичка до степен да те навредуваат на телефон бидејќи си напорен, и тоа со право, целосно ги разбирам. - Навредување на вработениот
И доколку немаш продажба, не вредиш како работник, без разлика што имаш по 250 трансакции на ден како благајник за што си назначен. - Невремено известување за промени, повторно без соодветна обука
Во 22 часот навечер добиваш повици дека си преместен од утре во друга филијала, или во тотално друг сектор каде нема никој соодветно да те обучи. - Навредливо покачување од 3000 мкд
После една година добиваш 21000 плата и така те влечат неколку години до нивното фамозно добивање на договор на неопределено со цел покачување дури до 25000 денари. - Тортура за време на цело работење
Си трпиш тортура одредено време и после си одиш, па си го јадат подебелиот крај тие што останале верни на банката до крај, за жал. - Не постои стандардизација за бонуси кон вработените
Бонуси од остварена продажба немаш никакви! Нив си ги добиваат како што напоменав големите директори во банката кои те тортурираат цела година да оствариш милиони евра како поединец за на крај на година они да се богатат, а тебе да ти дадат 300 евра новогодишен бонус и да ти речат ќути има и полошо. - Тортура на вработените во Контакт центарот на СБ
Да не почнам да зборувам како е во контакт центарот на банката, каде се пререкува станување во тоалет и мора да си онлајн 7 часа и 30 минути постојано од повик на повик, да продаваш или да добиваш повици и закани на телефон од секакви луѓе. За истата мизерна плата. - Уништување на ентузијазам кај вработениот
Учиш, се мачиш, се трудиш, дипломираш, имаш сон и желба да работиш како банкар, и доаѓа Стопанска АД Скопје да ти ги уништи сите замисли што си ги имал за работа како економист.
Поздрав и се надевам дека ќе објавите барем дел од овие искуства.
Со почит,“
Редакцијата на конкуренција.мк се заблагодарува на сите вработени во Стопанска Банка АД Скопје, кои собрале храброст да ја кажат вистината за нивното работно искуство.
Воедно Ве охрабруваме да ни пишувате на нашиот е-маил contact@konkurencija.mk за сите ваши искуства и неправилности кои се случуваат зад кулисите на оваа „розова“ банка.
Оргиналното писмо во целост: