Извор: google
Во редакцијата на конкуренција.мк по повод најновата реклама на Стопанска банка АД Скопје за кампањата „Прати ни CV и стани дел од нашиот тим“ пристигнаа многу реакции од страна на млади луѓе, пред се дипломирани економисти кои имале можност да ја добијат понудата за почетна плата од 18.000,00 денари.
Дали креативците на маркетинг агенцијата Публицис се запознаени со платите и условите за работа на нивниот долгогодишен клиент пред да реализираат било каква кампања во медиумите?
Извор: архива
Извор: архива
Извор: архива
Многубројните коментари од незадоволните млади економисти кои ги добивме по електронски пат ги пренесуваме во целост:
1.
Не го почитуваат младиот дипломиран економист во Македонија. Колкава плата им даваат во Грција на нивните дипломирани економисти?
2.
Додека банката не направи нови простории, во таа банка никогаш не би сакал да работам.
3.
Сè уште девизата им е минималец, а условите за работа се катастрофални.
4.
Срамота е за една од трите подобри банки во Македонија, почетната плата да е 18.000 денари.
5.
Дури после година или две ми дадоа покачување од 50 евра, при што дојдов до 21.000 денари личен доход, а условите за работа се многу лоши.
6.
Огласите во КАМ Маркет се од 15.500 до 27.000 денари, дали некој им го објаснил тоа на Стопанска Банка?
7.
Како може Стопанска да опслужува толкав број на коминтенти со намален број на вработени, а при тоа да ми нуди минималец? Толку им е грижа за коминтентите и долгите редови пред банките.
8.
Вработените им заминуваат во помали банки, треба сериозно да се запрашаат што не е во ред со менаџментот на банката и условите кои ги нудат.
9.
Која е Стопанска Банка АД Скопје? Глумат бренд, а даваат плата како да работам во пиљара. Доколку се сериозна корпорација со сериозен пристап на стандард и квалитет тогаш треба константно да се вложува во вработените и условите.
Каков бренд се они? Бренд на минималец?
10.
Во Стопанска Банка АД Скопје важи девизата: „Ако не им одговара, нека си одат на друго место“. Во другите Банки платите се сериозно повисоки, Стопанска Банка воопшто не ја сметам за здрава средина каде што можам да напредувам. И бонусите ги делат како ќе им текне, никаква систематизација.
Искрено се надеваме дека менаџментот на Стопанска Банка АД Скопје во иднина ќе поработи на квалитетот, стандардот и висината на личниот доход кој го нудат на нашиот млад високоедуциран економски кадар.
Воедно да ја потсетиме јавноста дека нивниот годишен профит во изминатите години изнесува 40 милиони евра.