Извор: efse
Во светот на модата и естетиката, кај мажите најдобро прилега одело кое е сошиено по мерка од познат стар мајстор кој точно знае кои делови да ги сокрие, а кои да ги истакне, сè со цел да се постигне оној убав ефект на војничка униформа. Tогаш и помалку згодните мажи изгледаат привлечно и маркантно. Па така е и во случајот на бизнисмените – доколку имате „банкар по лична мерка“, тогаш успехот е неминовен, па уште и ако сте Tурчин по национална определба – куршум не ве бие!
Нашиот прв ексклузивен текст за незаконското кредитирање на Ајдован Адемоски од страна на Халк банка беше објавен на 04 Февруари, 2021 под наслов „Турска трампа / Со чии пари е купен турскиот Рамстор“.
Во текстот први ја известивме јавноста, штедачите на Халк Банка и нашата драга гувернерка Анита од НБРСМ за непочитување на Членот 78, при што исто така први јавно ја соопштивме (тогашната) висина на кредитираниот износ од 23 милиони евра.
За сите читатели кои ја пропуштиле „првата епизода“ тоа можат да го направат на следниот линк тука.
На волја на вистината изгледаше дека нема наскоро да пишуваме продолжение на трампата, но по анонимната дојава која ја добивме, по сè изгледа дека Турците навистина обожуваат сериски сапуници на долги стази?
Ова е премиерата на „најновата серија“:
Турска итроштина
По објавата за незаконската трампа во текстот на konkurencija.mk, дел од службите од Халк Банка итно се преселени во мали канцеларии во трампаниот објект „Сити Плаза“ сè со цел да се добие впечаток дека новата зграда сепак се користи за цели на банката и дека нема кршење на ниеден закон. Но, сè уште во истата зграда има кираџии.
Се надеваме дека гувернерката Анита го знае законот, ја разбира состојбата и исто така го разбира значењето на терминот КИРАЏИИ!?
Извор: nbrm
Зголемување на кредитна рамка
Моменталната севкупна кредитна изложеност на успешниот бизнисмен Ајдован Адемоски во Халк Банка АД Скопје изнесува, верувале или не, околу 27 милиони EUR со тенденција истата да порасне и да го достигне законски дозволениот максимум од 25% од сопствените средства на Халк Банка, односно 34 милиони ЕUR.
Извор: docplayer
Имено овие нови средства на успешниот бизнисмен Ајдован Адемоски му се потребни за доградба на трговскиот центар Рамстор кој сака да го надгради со уште еден кат и тоа од најновиот кредит на Банката.
Заклучуваме
Со итроштина до нов „дил“. Со нов „дил“ до нова доградба, и така… до бескрај.
Чии се белите пари за црни дни од новата позајмица на Халк Банка за познатиот Турчин – дали и сега штедните орочени влогови на македонските граѓани и каматите од кредитите на македонските компании ќе се исплаќаат за нечии „успешни“ бизнис зделки?
Или можеби во случајот на Ајдован и Халк Банка се водат по народната:
“НА ТУЃИНЕЦОТ ФАЛИ СЕ, НА СВОЈОТ БЛИЗОК ПОЖАЛИ СЕ!“
Важно соопштение:
Се надеваме дека Тетка Ивона Талевска од vecer.mk нема повторно да ни ги позајмува инсајдерските информации од нашите ексклузивни објави, кои први ги објавуваме заради информираност на штедачите на Халк Банка, без истакнување на изворот, односно нашиот линк.
На нашата реакција до Тетка Ивона Талевска и екипата, на која им се обративме по службениот мејл, добивме одговор од чичко Латас испратен од неговиот личен е-мејил, а можел и преку службениот.
Види слики во прилог…
И воедно да ја искористиме оваа можност да го известиме Чичко Латас дека младата екипа на konkurencija.mk не се „влажни во меѓуножјето“ кога ќе го прочита неговото презиме.
Во иднина се надеваме дека ќе ги уважуваат правилата за делумно или целосно преземање, кои впрочем се истакнати и на нивниот веб сајт.
Благодариме однапред.
With love, тимот на konkurencija.mk
Чичко Латас и тетка Ивона ги поздравуваме со бонус видео, Зорица Брунцлик со песната Моја заклетво – моја неверо…