ЛЕТУВАЊЕ

Србите ќе летуваат во Охрид и Струга со 20% попуст - што со домашните туристи?

Хотелите на охридско-струшкото крајбрежје од мај до октомври ќе нудат поевтини аранжмани за српските туристи и до 20%, во зависност од периодот на престој.

Извор: google

Хотелите на охридско-струшкото крајбрежје од мај до октомври ќе нудат поевтини аранжмани за српските туристи и до 20%, во зависност од периодот на престој.

Целта е да се насочат наместо на грчкото крајбрежје, да летуваат покрај Охридското езеро или пак оние кои што сепак ќе го поминат летниот одмор во Грција, на враќање да останат неколку дена во земјава.

Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески вели дека по човек дневно, полупансион можат да добијат од 25 евра со појадок и вечера во хотел со 4 ѕвезди. Некои хотели кои се со повисока категорија, можеби ќе бидат за 2-3 евра плус.

Хотелиерите велат дека со оваа иницијатива сакале да се надоврзат на размислувањето на Владата за бесплатни патарини за српските граѓани во знак на благодарност за бесплатната вакцинација

Бонус видео…