Извор: google
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2021 година, во споредба со јуни 2021 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3%, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0.1%.