СТАТИСТИКА - ТУРИЗАМ

Пандемијата го зема данокот - бројот на туристи во земјава намален за 41,7%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2021 година изнесува 27 569, а бројот на ноќевањата изнесува 60 013. Бројот на туристите во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 41.7%, а бројот на ноќевањата е намален за 36.8%.

Извор: google

Бројот на домашните туристи во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 10.4 %, а бројот на странските туристи е намален за 60.2%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, е намален за 14.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 52.1%.

Во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 45.7%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 11.3%, а кај странските има намалување за 65.4%.

Во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 38.9%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15.1%, а кај странските има намалување за 56.4%.

Бонус видео…