РЕДОВНА АКТИВНОСТ ИЛИ НЕ?

Најавена реконструкција на 11 скопски улици, да се грабне процент пред губење на фотеља или редовна активност?

Ова лето низ Скопје ќе се реконструираат и прошируваат 11 улици, од Град Скопје најавуваат дека од следната недела почнува нова градежна офанзива во која се предвидени градежни интервенции во повеќето скопски општини.

Извор: google

Од Град Скопје потврдија:
„Покрај изведба на нови коридори, ќе се врши и реконструкција на постојни улици и тоа на улиците Бутелска, Теодосиј Гологанов, Лука Геров, Индира Ганди, на булеварите Киро Глигоров, Кузман Јосифовски Питу и Крсте Мисирков”..

Исто така во план е изградба или проширување на булеварот Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот на Керамидница, на улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, како и почетокот на кружниот тек кај „Хубо маркет” и клучка кај Момин поток.

Анкета

Зошто Шилегов се фрли во реконструкција на улиците пред избори на крајот на мандатот?