НЕДОСТАТОК НА ЈАГНЕШКО

Ќе останеме без јагнешко за Велигден, прочитајте зошто

На чекор до најголемиот христијански празник, македонските граѓани се соочуваат со нов ценовен шок на пазарите. Покрај зголемените цени на зеленчукот, овошјето, маслото и другите продукти, и традиционалното јагнешко месо многу е очигледно дека ќе изостане од најголемиот дел на велигденските трпези.

Извор: unsplash

Јагнешко нема ни за лек во месарниците. Причината за недостигот на јагнешко месо на пазарот е што најголем дел од македонските јагниња се најдоа на европскиот пазар за католичкиот Велигден, а дома остана многу малку. Воедно, и тоа што остана достигна раст во цената.

Од 290 до 320 денари, сега цената стигна до 350 за килограм јагнешко. Така е со јагнешкото, додека цената на свинското месо се намали поради помалата побарувачка.

Во однос на другите производи, набавните цени за пазарџиите се повисоки за околу 20 проценти. Увозот на краставици од Албанија во старт е 75 денари, продажната цена е минимум 80 денари за килограм. А домашните имаат набавна цена од 110 денари.

Како што стојат работите, ова ќе продолжи и по празниците. Според Сојузот на синдикатите на Македонија, 42 проценти од месечната плата се троши на храна и на пијалаци.

Бонус видео…