Извор: pexels
Ги издвојуваме препораките од страна на Phillip Morris International (ФМТКП д.о.о Скопје) кои се испишани на нивниот рекламен материјал, кој можете да го добиете на сите продажни штандови на неколку локации во Скопје. Дали потрошувачите имаат јасни информации пред купување на овој тренди произод?
Информација број 1:
IQOS НЕ Е БЕЗ РИЗИК.
– Не напоменуваат за каков ризик станува збор.
Информација број 2:
IQOS НЕ Е БЕЗ РИЗИК И Е НАМЕНЕТ ИСКЛУЧИВО ЗА ПОЛНОЛЕТНИ ЛИЦА.
– Дали ова значи дека е штетен само за малолетните лица?
Информација број 3:
ПРОСЕЧНИ НАМАЛУВАЊА НА НИВОАТА НА ШИРОКИОТ СПЕКТАР ОД ШТЕТНИ СОСТОЈКИ (СО ИСКЛУЧОК НА НИКОТИНОТ) ВО СПОРЕДБА СО ЧАДОТ НА РЕФЕРЕНТНА ЦИГАРА (3R4F)
– Не објаснуваат што подразбираат под „исклучок“ и значењето на терминот „референтна цигара 3R4F“.
Информација број 4:
ПОДДРШКАТА ВАЖИ САМО ВО ЗЕМЈИТЕ ВО КОИ Е КОМЕРЦИЈАЛИЗИРАН
– Ја напоменуваат меѓународната подршка за своите корисници, а подолу со мали букви напоменуваат дека важи само за одредени земји, но не го информираат македонскиот потрошувач дали и Македонија е во таа група земји.
Информација број 5:
ОВОЈ МАТЕРИЈАЛ Е НАМЕНЕТ ИСКЛУЧИВО ЗА ПОЛНОЛЕТНИ ПУШАЧИ И КОРИСНИЦИ НА ДРУГИ ПРОИЗВОДИ КОИ СОДРЖАТ НИКОТИН, КОИ МИНАЛЕ НИЗ ДЕМОНСТРАЦИЈА НА КОРИСТЕЊЕ НА IQOS УРЕДОТ СО ЦЕЛ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЦЕЛОСНИ И ТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДОТ И НЕГОВИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ. ЗАБРАНЕТО Е ПОНАТАМОШНО КОПИРАЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА БЕЗ СОГЛАСНОСТ НА ФМТКП Д.О.О. Скопје.
– Информациите се оскудни и непотполни, како што е напоменато во овој текст.
Наравоучение – Информирајте се пред било што да ставате во уста.