ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ

Имаше незванични најави за укинување на зелениот картон, но испадна дека е најскап во регионот

Со олеснување на рестриктивните мерки за заштита од пандемијата и најавеното отворање на границите, конкретно кон јужните соседи, се актуелизира повторно темата за патување на Македонците надвор од своите граници за време на летните одмори.

Извор: google

Со олеснување на рестриктивните мерки за заштита од пандемијата и најавеното отворање на границите, конкретно кон јужните соседи, се актуелизира повторно темата за патување на Македонците надвор од своите граници за време на летните одмори. За да го остварите својот сон за летување и да преминете граница со вашето возило, потребно е да извадите зелен картон, доколку го немате. Но, колку всушност чини оваа полиса за осигурување на возило при патување во странство?

Цените и ден денес се сè уште високи, па за возило до 66 KW сумата изнесува дри 3.690 денари, додека за над 66 KW, цената 5.536 денари. Месечниот е 1.850 денари за возила под 66 KW, односно 3.075 денари за возила над 66 KW.

Во Македонија цената на картонот ја одредува Комисија за автоодговорност при Министерството за финансии.

За споредба, цената на зелениот картон во Србија изнесува 2.000 динари односно околу 1.000 МКД. Тоа е и за шест пати помалку од годишниот зелен картон за возила над 66 KW.

Во Црна Гора е 30 евра или нешто помалку од 2.000 денари, во Бугарија цената на зелениот картон исто така е помала и истиот е вклучен во годишното осигурување, а во Италија е само 10 евра.