КРАЛИЦАТА РАСПАЛИ

Алиасот „Ina Mnogufina“ на нејзин терен реагираше кон АЕК поради штурото известување кон потрошувачите за роаминг цените

Во изминатиов период многупати имаше „известувања“ за новите роаминг цени кои треба да бидат достапни од 1ви јули, но ниту едно известување од страна на АЕК (Агенција за електронски комуникации) не беше со темелно и прецизно објаснување кон корисниците односно потрошувачите.

Извор: google

Во изминатиов период многупати имаше „известувања“ за новите роаминг цени кои треба да бидат достапни од 1ви јули, но ниту едно известување од страна на АЕК (Агенција за електронски комуникации) не беше со темелно и прецизно објаснување кон корисниците односно потрошувачите. Дали АЕК има недостаток на информации од мобилните оператори или пак станува збор за некадарност на неписмен персонал, не знаеме, но затоа Ina Mnogufina им покажа од каде извира Вардар.

Објавата на Ina Mnogufina
Полека малце со веста за бесплатен роаминг и нека излезе АЕК со појаснување прилагодено како за луѓе што не разбираат комерцијални пакети, а не ко за директори на продажба на телекоми…должни сте да му објасните на народот просто и разбирливо дека бесплатен роаминг не значи и целосно бесплатен интернет, не оставајте простор за изненадување на сметката на луѓето! Оваа вест:
“Од утре македонските граѓани ќе можат слободно да комуницираат преку своите мобилни мрежи додека се наоѓаат во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора” не е баш скроз вака!

Се надеваме дека во иднина АЕК ќе се потруди за поголема транспарентност со цел да ги информира и заштити потрошувачите од дополнителни трошоци при користење роаминг.

Некои од објавите за цените и начинот на користење ги објавија и други портали како што се ММС и Слободен печат.

Со оглед на тоа што нашите институции не си ги извршуваат работите како што треба, Конкуренција.мк ви препорачува добро информирање пред патување во било која држава. Понекогаш е подобро да земете туристички пакет од државата која што ја посетувате, за 5 евра, отколку да ги користите услугите на нашите оператори.