Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.
Во последното тримесечје од минатата година, согласно спроведена анкета од НБРСМ, забележано е намалување на нето-побарувачката за потрошувачки кредити. Ова најверојатно се должи на тоа што само 10% од банките укажуваат на олеснување на кредитните услови за овој тип на кредити, додека кај останатите банки кредитните услови се непроменети, а кај некои забележано е и заострување на условите за одобрување на потрошувачки кредити.
При изборот на најповолен потрошувачки кредит прво треба да се обрне внимание на висината на каматната стапка и временскиот период за кој истата е фиксна. Кај најголем дел од банките може да се забележи дека каматната стапка е фиксна за првите две години и е поповолна за приматели на плата/пензија, како и за клиенти кои користат други производи од банката.
Покрај каматната стапка, важно е да се земат во предвид и сите останати трошоци како трошок за обработка, трошок за апликација, трошок за одобрување, за меница, за осигурување и др. Кога станува збор за осигурувањето може да се забележи дека се поголем е бројот на банките кои нудат потрошувачки кредит заедно со полиса за ризико животно осигурување, а во замена за пониска каматна стапка. Висината на полисата за животно осигурување се одредува во зависност од износот на кредитот, рокот на отплата, возраст на клиентот и слично, а се отплаќа месечно или годишно зависно од деловната политика на банката.
Во продолжение Ви ги презентираме моменталните услови кои важат за потрошувачки кредити по банки и тоа: максимален износ, перод на враќање, висина на каматна стапка и останати трошоци.
Извор: архива
Промена на каматните стапки во јуни во однос на мај:
- НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – намалена променлива каматна стапка после третата година од 6.63% на 6.54%;
- Халк Банка АД Скопје – зголемена фиксна каматна стапка за првите две години од 5.0% на 5.2% и намалена променлива каматна стапка после втората година од 7.75% на 5.75%.