Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.
Промена на каматните стапки во ноември во однос на октомври:
- Централна Кооперативна Банка АД Скопје – зголемени каматни стапки од 4.7% фиксна за првите две години и 5.8% променлива по втората година на 5.2% фиксна за првите две години и 6.6% променлива по втората година.
Извор: архива
Промена на останати трошоци за потрошувачки кредит во ноември во однос на октомври:
- НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – промотивно без трошок за одобрување до 31.12.2020 година.
- Стопанска Банка АД Битола – воведен трошок за апликација од 700 мкд и 2% провизија за одобрување на кредитот.